Комитетот е член на Меѓународниот славистички комитет којшто обединува слависти од 40 држави


12+

Изданија
до 2023 година


Основната цел на Македонскиот славистички комитет е да соработува со Меѓународниот славистички комитет во организирањето на меѓународни конгреси и научни состаноци. Здружението врши избор на македонските претставници на меѓународните славистички конгреси што се одржуваат секои пет години и избор на македонски претставници во Меѓународниот комитет на славистите.

 

 

Во 2008 год., за првпат во историјата од постоењето на меѓународните славистички конгреси, XIV конгрес се одржа во Македонија. По тој значаен повод беше издадена пригодна поштенска марка.

Во периодот од 5 години во подготовките и на Конгресот претседател на Меѓународниот славистички комитет беше акад. Милан Ѓурчинов.


Следниот Меѓународен конгрес на славистите ќе се одржи 2025 год. во Париз. Ова ќе биде прв ваков конгрес организиран во несловенска земја.

Најнови известувања од

Македонскиот славистички комитет

06/11/2023

Активности на комисиите

Последниве две години македонските претставници во одделни комисии на Меѓународниот славистичкиот комитет беа домаќини на неколку конференции. 1. Извештај за фонетска комисија, 2. Програма на конференцијата […]